ПРВ.мк
Црна Хроника

ГЛАВНИОТ ГРАД НА НОЗЕ: Два грабежа во 30 минути - ова се деталите!

ГЛАВНИОТ ГРАД НА НОЗЕ: Два грабежа во 30 минути - ова се деталите!
Kristal

Во текот на вчерашната вечер две финансиски друштва во Скопје биле цел на грабежи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентите се случиле во краток временски интервал, на различни локации во градот.

Првиот случај бил пријавен во 04:44 часот, кога во објект на финансиско друштво во општина Гази Баба насилно било влезено и одземени пари од сеф.

Неколку минути подоцна, во 05:20 часот, бил пријавен втор грабеж во Центар, каде исто така насилно бил одземен сеф со пари од финансиско друштво.

Од МВР информираат дека се преземаат сите мерки за расчистување на случаите и за идентификување на сторителите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo