ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Трагедија што ја потресе цела држава: Убиена инфлуенсерка додека спиела со своето момче

(ФОТО) Трагедија што ја потресе цела држава: Убиена инфлуенсерка додека спиела со своето момче

Костариканската инфлуенсерка Габриела де лос Анхелес Санарусија Чаварија (28) и нејзиното момче Хорхе Исако Агуеро (30) биле убиени во вооружен напад во нивниот дом, додека спиеле. Трагедијата ја потресе јавноста, а мотивот за злосторството сè уште не е официјално утврден.

Според локалните медиуми, неколку вооружени лица рано наутро упаднале во куќата во населбата Ирвинг во Ла Круз и испукале повеќе куршуми кон парот. Двајцата починале на местото на нападот.

По злосторството, напаѓачите избегале, а околу два километри од местото на настанот бил пронајден запален бел автомобил за кој истражителите се сомневаат дека бил користен при бегството. Полицијата ја продолжува истрагата и ги проверува сите можни мотиви, меѓу кои и можноста станува збор за одмазда.

Габриела имала повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм и ТикТок, каде редовно објавувала содржини од својот секојдневен живот, патувања и моменти со својата деветгодишна ќерка.

Посебно внимание привлече нејзината последна објава, споделена само еден ден пред убиството. Таа објавила видео со својата ќерка, снимено во 2020 година, со емотивниот опис: „Колку порасна, мое бебе?“

На социјалните мрежи се појавија бројни пораки со сочувство до семејството, додека јавноста со неверување ја следи истрагата.

Дополнителен интерес предизвика и информацијата дека нејзиниот поранешен партнер бил убиен во одделен вооружен напад во 2024 година, заедно со уште две лица. Истражните органи засега не потврдуваат дали постои поврзаност меѓу двата случаи, а истрагата продолжува.