ПРВ.мк
Црна Хроника

Дилери под маска, дете меѓу нив - Ова се деталите

Дилери под маска, дете меѓу нив - Ова се деталите
Kristal

Фатени дилери на дрога во Скопје – меѓу уапсените и 16-годишно дете

Во текот на ноќта помеѓу 7 и 8 ноември 2025 година, полициските службеници од СВР Скопје спровеле координирана акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода девет лица осомничени за трговија со дрога.

Меѓу приведените се А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, како и Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и едно 16-годишно малолетно лице, сите од Скопје. Според информациите од МВР, при извршените претреси кај осомничените биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, за која се претпоставува дека е кокаин.

Полициската акција е дел од континуираните мерки за сузбивање на уличната продажба на дрога во главниот град, која во последно време е во пораст. Сите приведени биле спроведени во полициска станица, каде против нив се води истрага за неовластено производство и трговија со наркотични средства.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Escape