Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип настанала експлозија од плинска боца во стан сопственост на П.Р.(70).
-Од притисокот врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано патничко возило „југо“. Од експлозијата сопсветничката се здобила со повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.