Во тешката сообраќајна несреќа која се случи денес на експресниот пат Штип – Кочани во близината на селото Тркање починаа две лица.
Во несреќата учествуваа две патнички возила, марка „пежо 3008“ со кочански регистарски таблички и „фолксваген УП“ со скопски. Едно од возилата во сообраќајката беше опожарено при што интервенираше кочанската пожарна единица.
Како што дознаваме, едното лице од починатите е од Кочани, а другото, диструбутер од Скопје.
На лице место интервенираа Итната медицинска помош – Кочани, ТППЕ – Кочани, како и од Полициската станица.
Официјални информации ќе соопшти полицијата, после извршениот увид.