Денеска во Кочани, во густо населен станбено-деловен комплекс, избувна пожар во угостителски објект што предизвика паника кај десетици семејства. Огнот започнал во кујната на објектот, кој е дел од станбен блок А со 96 станови, потенцира поранешниот вршител на должност градоначалник Венко Крстевски.
Крстевски информира дека во моментот на избувнување на пожарот, кујната била целосно празна, што спречило неконтролирано ширење на огнот. Навремена интервенција на Територијалната противпожарна единица била клучна за да се спречи поголема штета. Исто така, забележувањето на пожарот од дистрибутер на стока помогнало за брзата реакција.
Од МВР за медиумите потврдуваат дека пожарот бил пријавен околу 11:20 часот, а полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот.
Благодарение на брзата акција, огнот не се проширил на станбениот дел, иако станарите доживеале стрес и зачадени домови.

















