ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна жена измамена - еве колку пари и земале!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна жена измамена - еве колку пари и земале!
Kristal

Скопјанка на 82 години станала жртва на уште една измама со лажна сообраќајка, метод што сè почесто го користат измамници за да ограбат постари лица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 06.12.2025 во 10:20 часот, жената пријавила дека телефонски ја контактирало лице кое се претставило како полициски службеник. Лажниот „полицаец“ ѝ соопштил дека нејзината внука наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало дете, па за да не оди во затвор морала да се плати „одредена сума“.

Исплашената жена излегла од својот дом и на улица му предала околу 170.000 денари на машко лице. Подоцна дознала дека внуката ѝ воопшто не учествувала во несреќа и дека станала жртва на измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

FixCredit
Atensa 300
Escape