ПРВ.мк

Двајца велешани уапсени во Струмица, извршиле кражба на возило во Велес и обид за кражба во куќа во Струмица

Двајца велешани уапсени во Струмица, извршиле кражба на возило во Велес и обид за кражба во куќа во Струмица
Jumbo Banner

На 26.04.2025 во 11.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Д.(24) и С.У.(23), двајцата од Велес. 

На 25.04.2025 околу 09.15 часот тие биле затекнати при обид да извршат кражба од подрумска просторија од куќа на ул.„Спиро Захов“ во Струмица, при што физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото. 

Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица е извршено препознавање, а во службен разговор признале дека претходно сториле кривично дело „одземање на моторно возило“ на подрачје на Велес. 

Исто така, при преземање мерки било констатирано дека Б.Д. бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово. 

Во текот на денот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран