Сакате пари и среќа во домот? Овие народни обичаи можеби ќе ви помогнат
Ако се чувствувате како финансиските проблеми постојано да ве следат, можеби е време да пробате нешто поинакво – старите народни верувања што со генерации се пренесувале како начин да се привлечат пари и среќа во домот. Нема гаранција дека ќе делуваат, но сигурно нема што да изгубите ако им дадете шанса.
1. Сол и ориз во паричникот
Според народното верување, малку морска сол или ориз, ставени во најлонска кесичка и потоа во паричникот, можат да донесат финансиска стабилност и благосостојба. Се верува дека ова симболично го “втемелува” богатството кај оној што го носи.
2. Потковица над влезната врата
Овој симбол е добро познат како симбол за среќа. Ако ја закачите потковицата над влезната врата, со отворот нагоре (како сад), се смета дека ќе ја задржува среќата и парите во домот.
3. Пари под влезниот килим
Ова е уште една интересна практика: се ставаат неколку пари под килимот на влезната врата, а при тоа се изговара: „Каде и да одам или се враќам, парите ќе ме најдат.“ Еден вид енергетска декларација дека сте отворени за просперитет.
4. Моќта на полната месечина
Полна месечина отсекогаш се поврзувала со различни ритуали, а еден од нив вели: излезете под отворено небо кога месечината е полна, отворете го паричникот и девет пати повторете: „Месечино, наполни го мојот паричник!“ – се верува дека вака се отвора патот за ненадејна добивка.
Иако овие ритуали не се научно потврдени, тие се дел од народната традиција и мудрост што многумина ја практикувале низ вековите. Ако ништо друго, ќе внесат мал ритуал на надеж и позитивна енергија во вашето секојдневие.