Маж од скопско Љубин нападнат од маж од село Сарај.
– На 25.04.2025 во 09.10 часот во Полициското одделение Сарај, Ш.С.(54) од село Љубин, скопско, пријавил дека околу 08.30 часот пред неговата куќа во селото, поради нерасчистени имотно-правни односи, Н.С. од село Сарај го нападнал со тврд предмет, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.