На 23.05.2025 во 01.20 часот во Полициското одделение Теарце, О.А.(19) од с.Непроштено, тетовско, пријавил дека околу 00.20 часот во с.Нераште, тетовско, патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле В.Р. и Ш.А. и други лица кои не ги познава и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски таблици, управувано од Е.„Н“ му го попречиле и блокирале патот, по што го оштетиле неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил со негов колега. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.