ПРВ.мк

Драма во Скопје: Голф изгоре во пламен среде ноќ, пожар и во куќа во Арачиново!

Драма во Скопје: Голф изгоре во пламен среде ноќ, пожар и во куќа во Арачиново!
Jumbo Banner

Ноќеска во Скопје, на паркинг во Бутел, се случил инцидент со опожарено возило. Патничкиот автомобил „Фолксваген Голф“, кој има скопски регистарски ознаки, бил зафатен од пламените јазици околу 3:00 часот. Пожарот веднаш бил изгаснат, а за среќа нема повредени.

Сопственикот на возилото, 50-годишниот А.И. од Скопје, го пријавил случајот на полицијата, истакнувајќи дека пожарот се случил некаде помеѓу 23:00 часот на 28 март и пријавувањето во полицијата. Екипа од СВР Скопје го направила увидот на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, вчера во СВР Скопје беше пријавен и пожар во куќа во Арачиново. За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил успешно изгаснат. Сопствениците на куќата се Р.А. (31) и С.А. (35). По настанот, екипа од СВР Скопје извршила увид.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран