ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма на улица: Автомобил влетал меѓу пешаци со огромна брзина!

Драма на улица: Автомобил влетал меѓу пешаци со огромна брзина!

Мирното попладне во италијанскиот град Модена се претворило во сцена на паника кога автомобил со голема брзина влетал меѓу пешаци. Настанот се случил околу 16:30 часот, а според информациите, возилото се движело со приближно 100 километри на час.

Во инцидентот биле повредени осум лица, од кои четири се во тешка состојба. Дел од жртвите се здобиле со сериозни повреди, а кај две лица биле извршени ампутации на долните екстремитети. Едно лице се бори за живот.

Возачот по ударот се обидел да избега од местото, но бил запрен од случајни минувачи кои реагирале навреме и го задржале до пристигнувањето на полицијата. Подоцна бил приведен, а случајот веднаш предизвикал силна вознемиреност во јавноста.

Станува збор за 31-годишен маж, кој според медиумите имал историја на психијатриски проблеми и бил под надзор во последните години. Иако не бил под дејство на алкохол или дрога и немал криминално досие, неговите мотиви сè уште не се разјаснети.

Надлежните органи продолжуваат со истрагата за да утврдат што точно довело до овој шокантен настан, кој остави тешки последици и отвори многу прашања.