Седумдесет и петгодишна македонска државјанка го загубила животот откако била извлечена без знаци на живот од морскиот дел кај Неа Каликратија, на Халкидики.
Според информациите од Крајбрежната служба на Грција, надлежните биле известени за случајот во попладневните часови, по што жената била извлечена од морето и со возило на брзата помош транспортирана во Здравствениот центар во Неа Муданија.
Лекарите во здравствената установа ја констатирале смртта на 75-годишната македонска државјанка.
По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Солун, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Случајот го истражува Крајбрежната управа на Неа Муданија, која ја води предистражната постапка.







