ПРВ.мк
Црна Хроника

Весна Змијанац примена во болница со сериозна состојба - докторите загрижени за нејзината состојба

Весна Змијанац примена во болница со сериозна состојба - докторите загрижени за нејзината состојба
Kristal

Пејачката Весна Змијанац (68) беше итно примена во Ургентен центар откако целата лева страна од нејзиното тело ѝ се вкочанила, поради што морала да побара медицинска помош, јавуваат српските медиуми.

Весна во изјава за „Блиц“ истакна дека се чувствува добро и дека состојбата е под контрола:

„Добро сум. Морам да доаѓам на секои три месеци и да ја примам потребната терапија. Не стигнав сега бидејќи бев на пат, па дојдов дури сега. Уморна сум, ослабена и затоа состојбата малку се влоши. Сега ќе ме пуштат дома, не останувам тука. Сè е во ред.“

Претходно, Весна се јавила во приватна здравствена установа поради општа слабост и вкочанетост на левата страна. Поради промени на ЕКГ-то, лекарите од приватната установа ја упатиле во Службата за итни случаи, која потоа ја насочила во Ургентниот центар за дополнителни прегледи и третман.

FixCredit
Atensa 300
Escape