Со длабока тага верниците ја примија веста за упокојувањето на ипоѓаконот Стојан, кој од најрана возраст му служеше на Бога и целосно се посвети на светата великомаченица Петка.
Неговиот живот беше пример за вистинска вера, смирение и љубов кон Црквата, оставајќи длабока духовна трага кај сите кои го познаваа и кои го следеа во неговото служение.
Опелото ќе се изврши од Неговото Блаженство г.г. Стефан во сабота со почеток во 12:00 часот, во црквата „Св. Петка“ во населбата Црниче, каде што верниците ќе можат да се простат и да му оддадат последна почит на посветениот слуга Божји.
Фото: Црква Света Петка – Црниче



















