ПРВ.мк
Црна Хроника

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ: Со „Ауди“ удриле во доставувач, па го нападнале! - Еве ги деталите

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ: Со „Ауди“ удриле во доставувач, па го нападнале! - Еве ги деталите

Сериозен инцидент се случил во скопски Центар, каде по расправија во сообраќајот, дошло до насилен напад врз млад доставувач на мотор.

Според информациите од полицијата, настанот се случил околу 19:55 часот, кога патничко возило „Ауди“, во кое се наоѓале четири лица, прво удрило во моторот на 20-годишен доставувач од Скопје додека тој извршувал работни задачи.

Но, инцидентот не завршил тука. По судирот, патниците од автомобилот излегле и физички го нападнале младото момче, нанесувајќи му повреди.

Веднаш по пријавата, во раните утрински часови полицијата од СВР Скопје ги лишила од слобода четири лица на возраст од 21 до 24 години, сите државјани на Турција.

Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот и документирање на сите околности околу инцидентот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Случајот предизвика реакции во јавноста поради бруталноста на нападот врз млад доставувач кој во моментот бил на работна задача, како и поради ескалацијата на навидум обична сообраќајна расправија во физичко насилство.