На 21 март 2026 година во 21:55 часот, во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Г.Г. (34) од село Чегране, постапувајќи по претходна пријава од машко лице од тетовско село дека Г.Г. го уценувал и барал 5.000 евра, кои наводно му ги должел.
Според пријавеното, Г.Г. му испраќал заканувачки пораки преку телефон и го уценувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


















