ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ: Почина долгогодишниот новинар и поранешен член на ДКСК

ТАЖНА ВЕСТ: Почина долгогодишниот новинар и поранешен член на ДКСК

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), долгогодишен новинар и правник по професија.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син, Арианит Бајрами.

Бајрами беше член на ДКСК од 2019 година до февруари 2024 година, а претходно речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник на ТВ2.

Во текот на својата професионална кариера извршувал повеќе функции во државните институции. Работел во Генералниот секретаријат на Владата како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност, а бил ангажиран и во Министерството за правда како виш соработник за односи со јавноста и службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Професионалниот ангажман го продолжил и во Општина Гостивар, каде бил раководител на Одделението за управување со човечки ресурси, како и службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Семејството соопшти дека погребот на Нури Бајрами ќе се одржи денес, по попладневната молитвa