ПРВ.мк
Црна Хроника

АЛАРМАНТЕН СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Претепана тинејџерка на автобуска станица - полицијата открила страшни детали!

АЛАРМАНТЕН СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Претепана тинејџерка на автобуска станица - полицијата открила страшни детали!
Kristal

Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер на автобуска постојка на подрачјето на скопската општина Гази Баба, информираат од полицијата.

Според полицискиот билтен, пријавата била поднесена вчера, на 15 декември 2025 година, во 16:30 часот во СВР Скопје. Девојката навела дека нападот се случил претходниот ден, на 14 декември 2025 година, околу 19:10 часот, додека се наоѓала на автобуска постојка.

Како што е пријавено, таа била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, М.Ј. (29), по што случајот бил евидентиран од надлежните служби.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со пријавениот напад.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape