ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО: Кривична пријава за поранешната директорка на Клиничка болница Битола!

СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО: Кривична пријава за поранешната директорка на Клиничка болница Битола!
Kristal

СВР Битола поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Битола против Е.И. (53) од Битола поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира Министерство за внатрешни работи.

Пријавената, како поранешен директор на Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година склучила анекси на договорите за 11 административни службеници во управната зграда, без согласност од Министерството за финансии и без спроведени интерни огласи. Овие анекси довеле до зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и унапредување во повисок степен, иако вработените немале соодветно образование за новите позиции.

Како резултат, буџетот на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување бил оштетен за 49.304 евра.

МВР посочува пример на лице вработено како помошник одговорен инженер за техничко одржување, со средно образование во електротехника или електромашинство, кое било унапредено со академско звање доктор на науки од индустриски менаџмент, а платата му била пресметувана според коефициент предвиден за доктор на немедицински науки.

Институциите ќе ја следат постапката за да се утврди одговорноста и да се обезбеди надомест на нанесената штета.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape