Триесет и седумгодишна жена од Скопје е пронајдена без знаци на живот во својот дом на подрачјето на општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, во СВР Скопје било пријавено дека во станот е пронајдена почината С.П. (37).
Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото и ја констатирал смртта. Притоа, не биле забележани видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки во врска со случајот.






