ПРВ.мк
Црна Хроника

Автобус излетал од патот, возачот исчезнал – полицијата трага по него

Автобус излетал од патот, возачот исчезнал – полицијата трага по него

Автобус денеска излетал од коловозот во близина на тетовското село Стенче, во Општина Брвеница.

Според првичните и неофицијални информации, во моментот на незгодата во автобусот немало патници, а засега нема информации за повредени лица. Возилото по излетувањето останало надвор од коловозот.

Возачот, пак, не бил затекнат на местото на настанот.

Од СВР Тетово информираат дека незгодата првично не била пријавена во полиција. Откако добиле информации за случајот, полициски службеници излегле на терен и започнале со преземање мерки за негово расчистување.

Во тек е потрага по возачот, а една од причините е и оштетувањето на заштитната патна ограда при излетувањето на автобусот.

Неофицијално, се споменува дека станува збор за општински автобус, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Надлежните треба да ги утврдат причините и сите околности под кои автобусот излетал од патот.