ПРВ.мк

Акција на полицијата во Тетово – откриени три случаи на нелегален превоз на патници

Акција на полицијата во Тетово – откриени три случаи на нелегален превоз на патници
VERO Banner

На 21.03.2025 во времето од 14 до 22 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во централното градско подрачје во Тетово и во три случаи констатирале превоз на патници без поседување соодветна лиценца:

• Патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблички, управувано од Н.Ш. (60) од с. Челопек,

• Патничко возило „Фолксваген Туран“ со тетовски регистерски таблички, управувано од Б.А. (54) од с. Мала Речица,

• Патничко возило „Опел Вектра“ со тетовски регистерски таблички, управувано од С.С. (57) од Тетово.

По документирање на случајот, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци по член 284-а од КЗ.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран