ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Семеен питбул до смрт изгриза бебе - детали што будат страв и тага!

ТРАГЕДИЈА: Семеен питбул до смрт изгриза бебе - детали што будат страв и тага!
Kristal

Жителите на селото Агиос Леонтас на грчкиот остров Закинтос се во шок по смртта на 18-месечно момче со потекло од Албанија, кое било брутално нападнато и усмртено од семејниот питбул.

Трагедијата се случила додека родителите се враќале од пазарување. Детето за миг го оттргнало вниманието и се приближило до дрвото каде било врзано кучето. Таткото, видливо потресен, ја опиша срцепарателната сцена:

„Мојата ќерка ме викна, истрчав брзо… Мојот син ме погледна, се насмевна и засекогаш ги затвори очите“.

Трагедијата добива уште потешка димензија кога се открива потеклото на кучето. Питбулот бил скитник кој семејството го вдомило за да го заштитат, откако мештаните се заканувале дека ќе го убијат поради тоа што им јадел стоката. Очајниот татко изјавил:

„Го зедов за да има каде да престојува, а тој ми го уби детето“.

И покрај напорите на лекарите од Општата болница на Закинтос, повредите биле фатални. Родителите се приведени додека надлежните истражуваат околностите на нападот.

FixCredit
Atensa 300
Escape