ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА КАЈ ВЕЛЕС: Возач тешко повреден во сообраќајен инцидент - МВР со детали!

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА КАЈ ВЕЛЕС: Возач тешко повреден во сообраќајен инцидент - МВР со детали!

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Велес била пријавена сообраќајна незгода што се случила околу 07:00 часот на улицата „Сараевска“ во селото Горно Оризари.

Според информациите, во несреќата учествувале две патнички возила со велешки регистарски ознаки – „шевролет“, управувано од Ј.Х. (51) од истото село, и „опел“, управувано од 29-годишната Ј.А.

Во инцидентот, возачот Ј.Х. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ј.А. се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општа болница Велес.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се предмет на понатамошна постапка.

Најнови вести