ПРВ.мк
Црна Хроника

Шок во Тетово: 16-годишник удри пешак, следувала итна хоспитализација!

Шок во Тетово: 16-годишник удри пешак, следувала итна хоспитализација!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на улицата „Илинденска“ во Тетово, каде електричен тротинет управуван од малолетник удрил во пешак.

Според информациите, електричниот тротинет го управувал 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец, а во несреќата бил повреден пешакот И.Ѓ. (32) од село Непроштено.

По ударот, повредената била пренесена во Клиничката болница во Тетово во неконтактибилна состојба. Поради сериозноста на повредите, лекарите одлучиле таа да биде префрлена на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Тетово, која работи на утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за случајот.