ПРВ.мк
Црна Хроника

Паника во Кавадарци: Маж со нож напаѓал граѓани и се заканувал на деца – уапсен на лице место

Паника во Кавадарци: Маж со нож напаѓал граѓани и се заканувал на деца – уапсен на лице место
Escape

Неверојатна драма синоќа во Кавадарци – 29-годишен маж со нож шетал низ градот и напаѓал луѓе. Прво се обидел да повреди друг маж во центарот, а потоа пред погледите на шокирани граѓани, му се заканувал на малолетник во градскиот парк.

Инцидентот се случил во два одделни наврати: првиот напад бил околу 22:30 часот кога осомничениот, Д.С., се обидел да го нападне 29-годишниот А.И. со остар предмет во централното подрачје на градот. Само 40 минути подоцна, повторно го извадил ножот и му се заканувал на дете пред очите на повеќе малолетници во еден од парковите.

Полицијата брзо реагирала – околу 23:25 часот, службеници од ОВР Кавадарци го уапсиле напаѓачот и кај него пронашле остар предмет, кој веднаш бил одземен. Според информациите од СВР Велес, случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител, а против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Граѓаните се уште во шок, бараат зголемено полициско присуство и санкции за вакви опасни поединци.

Mia Home Mavrovo