Сообраќајна незгода со два мотоцикли се случила попладнево во скопската населба Ѓорче Петров, во близина на локалното пазарче.
Според првичните неофицијални информации, во незгодата учествувал и полициски службеник кој во моментот извршувал службени задачи.
Очевидци велат дека во судирот има повредени лица, а меѓу нив наводно се и полициски службеници. На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата.
Во тек е увид за утврдување на причините и околностите под кои дошло до несреќата, а во реонот било забележано засилено присуство на полициски сили.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда за случајот. Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.








