ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ НАПАД ВРЗ ЖЕНА: Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на партнерката - ова е нејзината состојба!

НОВ НАПАД ВРЗ ЖЕНА: Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на партнерката - ова е нејзината состојба!

Во СВР Скопје на 30.05.2026 година 37-годишна жена пријавила сериозен инцидент во кој, како што навела, била нападната од својот вонбрачен партнер.

Според пријавата, настанот се случил во близина на нејзиното работно место, додека таа се наоѓала во возило со партнерот А.Н.

Таа навела дека тој ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите, по што ѝ била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од надлежните институции е соопштено дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.