ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Камион усмрти маж - МВР со детали!

ТРАГЕДИЈА: Камион усмрти маж - МВР со детали!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случи денеска во Гостивар, во која животот го загуби 76-годишен маж додека управувал велосипед.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за И.М. (76) од Гостивар, кој бил удрен од товарно возило „мерцедес“, управувано од Х.М. (44), исто така од Гостивар. По несреќата, возачот на камионот бил лишен од слобода.

Инцидентот се случил денеска околу 12:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“, една од пофреквентните сообраќајници во градот. Под засега неразјаснети околности, дошло до судир меѓу камионот и велосипедистот, при што постариот маж се здобил со тешки повреди.

Повредениот итно бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, но и покрај укажаната лекарска помош, лекарите констатирале смрт.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот и во координација со надлежен јавен обвинител, против возачот Х.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Надлежните служби продолжуваат со истрагата за утврдување на точните причини и околности под кои се случила оваа трагедија.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape