ПРВ.мк
Црна Хроника

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција - еве за што е осомничен!

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција - еве за што е осомничен!
Kristal

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во земјава беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој се бараше со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци.

Тој е осуден за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежните информираат дека станува збор за прва успешно реализирана екстрадиција на лице од Обединети Арапски Емирати кое било барано од нашата држава со меѓународна потерница.

Со ова, институциите испишуваат нова страница во меѓународната правна соработка, особено во однос на спроведувањето на правосилни судски пресуди и враќањето на осудени лица кои се обиделе да ја избегнат казната надвор од државата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape