ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО): Камион со нови Мерцедеси изгоре на автопат, возилата целосно уништени - еве за колкава штета станува збор!

(ФОТО): Камион со нови Мерцедеси изгоре на автопат, возилата целосно уништени -  еве за колкава штета станува збор!
Kristal

На германскиот автопат А8, во близина на Иршенберг, вечерва целосно изгоре камион со приколка управуван од возач од Босна и Херцеговина, кој превезувал шест нови возила „Мерцедес“.

Инцидентот се случил околу 3:40 часот наутро на автопатот кон Салцбург, недалеку од излезот Ирзенберг. Возачот, 47-годишен, навреме забележал чад и успеал да го застане камионот, безбедно да го напушти и да се извлече неповреден.

На местото на настанот веднаш интервенирале противпожарните служби од Иршенберг и Мисбах, кои започнале обемна операција за гаснење на пожарот. Поради инцидентот, автопатот во правец на Салцбург бил целосно затворен, што предизвикало сообраќаен метеж од неколку километри, кој се протегал до раскрсницата Холкирхен.

Сите шест возила на транспортерот биле целосно уништени во огнот. Обемот на материјалната штета сè уште не е прецизиран. Откако пожарот бил изгаснат и остатоците отстранети, автопатот повторно бил пуштен во сообраќај околу 12:10 часот.

Причините за избувнување на пожарот сè уште се истражуваат.

FixCredit
Escape