Пожар избувнал денеска покрај железничката пруга кај Долни Дуќани, а благодарение на брзата интервенција на велешките пожарникари, огнот бил навреме локализиран и изгаснат.
Од Територијалната противпожарна единица Велес информираат дека дојавата за запалена сува трева била примена во 10:37 часот.
На местото веднаш биле испратени едно противпожарно возило и двајца пожарникари-спасители, кои по пристигнувањето успеале брзо да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот.
Со навремената интервенција било спречено ширење на огнот и предизвикување поголема материјална штета во околниот простор.
Од ТППЕ Велес уште еднаш апелираат до граѓаните веднаш да пријавуваат пожари и други опасности на бесплатниот телефонски број 193.






