Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врнежите од дожд што ја зафатија територијата на Скопскиот регион засега не предизвикале нарушување на редовната состојба и нема сериозни последици по безбедноста на граѓаните.
Надлежните служби информираат дека сите клучни системи функционираат нормално и дека нема пријави за поплавени објекти, прекини во сообраќајот или друга материјална штета поврзана со дождовите.
Сепак, според последните теренски информации, регистрирано е мало локално излевање на реката Вардар на подрачјето на општина Зелениково. Надлежните нагласуваат дека излевањето е ограничено и не предизвикало никаква материјална штета, ниту загрозување на населени места или инфраструктура.
И покрај тоа, од Регионалниот центар апелираат до граѓаните да бидат претпазливи при движење во близина на речното корито, особено во услови на зголемено водостој поради континуираните врнежи.
Состојбата и понатаму внимателно се следи, а надлежните служби остануваат во готовност за навремена реакција доколку дојде до промени на теренот.
















