Во Битола, четиригодишно девојче е тешко повредено откако било нападнато од скитничко куче во дворот на семејството, објави Сафет Бајрамов.
Според информациите од објавата, кучето го нападнало детето, повредувајќи го во пределот на лицето, градите и рацете. Веднаш по нападот, девојчето било пренесено во болница, каде што била извршена операција.

Семејството потврди дека кучето е фатено и дека случајот е пријавен во полиција.
Инцидентот предизвика вознемиреност кај локалните жители, кои апелираат до надлежните институции да преземат поефикасни мерки за справување со проблемот со уличните кучиња, со цел да се спречат слични напади во иднина.



















