ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Жена жртва на закани и непријатни барања - еве што барале од неа!

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Жена жртва на закани и непријатни барања - еве што барале од неа!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против 29-годишник од Неготино, кој живее во Германија, осомничен за полов напад и силување според член 186 и уцена според член 259 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 2 декември во Скопје, кога осомничениот, заедно со сопругата и една пријателка, излегле во ресторан. По вербална расправија со сопругата, осомничениот понудил да ја врати пријателката дома, но наместо тоа, цела ноќ ја возел на различни локации низ градот, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Жената се противела, но осомничениот ја заканувал со смрт и ја принудил да влезе во апартман во Центар. Таму, со физичка сила и закани со нож, ја присилил на полови дејствија, а целиот настан го снимал.

Во текот на настанот, тој се јавувал и преку видео повик кај сопругата и други лица, барајќи да му донесат кокаин за да не ја повреди жртвата. Три дена подоцна, и ја испратил снимката со закани дека ќе ја објави ако не му исплати 2.500 евра. Жртвата ги пријавила заканите, по што полицијата организирала симулирано примопредавање на парите. Откако ги зел, осомничениот веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување притвор, земајќи предвид ризик од бегство, постојан престој во Германија и можност за повторување на делото. Судот го прифати предлогот и го определи притворот како мерка за обезбедување на постапката.

FixCredit
Atensa 300
Escape