ПРВ.мк
Црна Хроника

РИЗИК НА ПАТИШТАТА: Возел под дејство на алкохол и имал во себе недозволени супстанци - еве што се му пронајде полицијата!

РИЗИК НА ПАТИШТАТА: Возел под дејство на алкохол и имал во себе недозволени супстанци - еве што се му пронајде полицијата!
Kristal

Штипјанец бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил под силно дејство на алкохол, а при контролата во возилото му била пронајдена и дрога, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според официјалните информации, на 16 декември 2025 година во 01:04 часот, полициски службеници од СВР Штип извршиле сообраќајна контрола на улицата „Маршал Тито“ во Штип. При контролата било сопрено патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (40) од Штип.

При алкотестирањето било утврдено дека возачот управувал возило со 2,06 промили алкохол во крвта, што претставува сериозно кршење на сообраќајните прописи и директна опасност за безбедноста во сообраќајот.

Дополнително, при прегледот на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По ова, лицето било лишено од слобода и против него ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape