ПРВ.мк

28 годишен пешак тешко повреден во Скопје, возачот го удрил и избегал

28 годишен пешак тешко повреден во Скопје, возачот го удрил и избегал
Jumbo Banner

Дваесет и осумгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил, чиј возач избегал од местото на несреќата.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера навечер на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран