ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Трагедија во Хрватска: Авион се урна, нема преживеани!

(ФОТО) Трагедија во Хрватска: Авион се урна, нема преживеани!

Четири лица го загубија животот во авионска несреќа што се случи во близина на Медулин, во Хрватска, додека надлежните служби продолжуваат со истрагата за причините што довеле до падот на леталото.

Според досегашните информации, авионот бил регистриран во Германија и летал на релација од австрискиот град Линц кон Медулин. Во леталото се наоѓале четири лица, кои биле единствените патници и членови на екипажот.

Од надлежната агенција за истражување на воздушни, поморски и железнички несреќи потврдија дека меѓу загинатите се двајцата пилоти, кои биле австриски државјани. Идентификацијата на останатите две жртви сè уште е во тек, а институциите соработуваат со дипломатските претставништва за утврдување на нивниот идентитет.

Сведоци на несреќата изјавиле дека авионот првично летал нормално, но непосредно пред падот почнал нагло да губи висина. Според нивните тврдења, леталото потоа влегло во спирално движење пред да се урне.

Еден пензиониран пилот, кој се наоѓал на аеродромот во Медулин и го очекувал слетувањето на авионот, изјавил дека летот изгледал стабилен до висина од околу 300 метри, по што дошло до ненадејна промена во движењето на леталото.

Надлежните служби вршат детална анализа на остатоците од авионот и на сите достапни податоци со цел да ги утврдат точните околности под кои се случила трагедијата.