На туристичкиот полуостров Халкидики се случи трагедија откако 13-месечно бебе од Србија почина по инцидент за време на ручек во ресторан во Ормос Панагиас.
Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, бебето почнало да се гуши додека јадело, по што било итно пренесено во здравствениот центар во Агиос Николаос. Од таму, итната помош го транспортирала во болницата во Полигирос, но лекарите не успеале да го спасат.
Детето ја загубило битката во текот на ноќта, а точната причина за смртта ќе се утврдува по обдукцијата, соопшти српската РТС.
Трагичниот настан предизвика голем шок и тага, како кај туристите, така и кај локалното население.