ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Италија: 9-годишно девојче со македонско потекло се удави во река

Трагедија во Италија: 9-годишно девојче со македонско потекло се удави во река
Escape

Деветгодишната Адна Ислам, девојче со потекло од Македонија, трагично го загуби животот во реката Пјаве во близина на Сан Џакомо ди Педероба, покрај Тревизо, Италија. Несреќата се случила додека била на излет со нејзиното семејство.

Адна, додека си играла со други деца, се лизнала и паднала во реката, а силната струја веднаш ја повлекла под вода. Родителите, Ихмет и Наила Ислам, веднаш пријавиле исчезнување. Следела масовна потрага во која учествувале противпожарни единици, нуркачи, хеликоптер и дронови.

По неколку часови пребарување, нуркачите го пронашле телото на девојчето заглавено меѓу карпи. Докторите на теренот само можеле да ја констатираат смртта.

Семејството живеело во Кавасо дел Томба. Ова е втор случај на давење во истата река за помалку од десет дена.

Mia Home Mavrovo