ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА КАЈ ТЕТОВО! 25-годишник без возачка предизвикал судир, меѓу повредените и дете - Ова се деталите

ДРАМА КАЈ ТЕТОВО! 25-годишник без возачка предизвикал судир, меѓу повредените и дете - Ова се деталите

Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Требош е приведен откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола, предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени неколку лица, меѓу нив и тригодишно дете.

Несреќата се случила доцна вечерта на регионалниот пат кон селото Требош, каде се судриле автомобил „голф“, управуван од осомничениот, и „мерцедес“ зад чиј волан бил 80-годишен жител на селото Палатица.

Според информациите од полицијата, по извршените проверки било утврдено дека 25-годишникот воопшто не поседувал возачка дозвола, поради што веднаш бил лишен од слобода.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички од „мерцедесот“, додека уште две лица, меѓу кои и тригодишно дете, се здобиле со полесни повреди. Повредените биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово, а по целосното расчистување на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.