ПРВ.мк
Црна Хроника

УБИСТВО КОЕ ГО ПОТРЕСЕ СПОРТОТ: Млад фудбалер убиен - полицијата открила страшни детали!

УБИСТВО КОЕ ГО ПОТРЕСЕ СПОРТОТ: Млад фудбалер убиен - полицијата открила страшни детали!
Kristal

Млад турски фудбалер, Кубилај Кундакчи (21), член на нисколигашот Карс 36 Спор, трагично го загуби животот во вооружен напад во Истанбул, што ја потресе јавноста и отвори голема истрага. Според првичните информации, инцидентот се случил во ноќта меѓу 19 и 20 март на улицата „Сидик“, кога наводно бил закажан состанок помеѓу две спротивставени страни. Нападот ебрзо ескалирал, а сторителите пристигнале со две возила, едното со ротациско светло, и отвориле оган. Кундакчи бил тешко ранет и итно пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Дојде да смири, загина во обид

Медиумите јавуваат дека Кундакчи бил на состанокот како посредник во конфликт поврзан со љубовен спор меѓу музичари. Раперот Канабеј се обидувал да се помири со својата поранешна девојка, пејачката Алејна Калајџиоглу, која има околу еден милион следбеници на Инстаграм. Кундакчи требало да помогне во смирувањето на ситуацијата, но состанокот се претворил во крвопролевање – било пукано кон возилото во кое бил раперот, а фудбалерот бил смртно погоден. Според неофицијални извори, постои сомнеж дека нападот е извршен од новото момче на пејачката. Калајџиоглу е приведена и се наоѓа на полициско испрашување.

Таткото на жртвата: „Мојот син немаше врска со конфликтот“

Таткото на Кундакчи истакнува дека неговиот син само се обидел да посредува и немал никаква врска со конфликтот. „Мојот син имаше 21 година и играше за Карс 36 Спор. Дојде на одмор, пријателите го повикаа да помогне. Му рекле дека Алејна ќе го послуша. Чекаа во автомобил кога пристигнаа две возила, едното со ротација. По расправијата почна пукање, и мојот син беше погоден. Слушнавме дека напаѓачот побегнал по морски пат во странство. Ги молам надлежните да ги пронајдат виновниците“, изјавил тој. Полицијата интензивно трага по сторителите, користејќи снимки од безбедносните камери за да ги следи движењата на возилата.

Клубот завиен во црно

Фудбалскиот клуб Карс 36 Спор издаде соопштение: „Голема трагедија го зави нашиот клуб во црно. Нашиот фудбалер Кубилај Кундакчи го загуби животот во вооружен напад во Истанбул. Неговата смрт е огромна загуба за неговото семејство и за спортската заедница. Изразуваме најдлабоко сочувство.“

Случајот предизвикува силни реакции во Турција, а истрагата за настанот продолжува со цел да се идентификуваат и казнат сторителите.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape