ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагичен случај во Демир Хисар: Пациент починал во психијатриската болница - еве во што се сомневаат!

Трагичен случај во Демир Хисар: Пациент починал во психијатриската болница - еве во што се сомневаат!

Пациент од радовишкото село Дедино е пронајден починат во Психијатриската болница во Демир Хисар, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 30 мај во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар. Починатиот е идентификуван како И.Г., кој бил хоспитализиран и се лекувал во установата.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Битола. По наредба на јавен обвинител ќе биде спроведена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.