ПРВ.мк

ВИДЕО: Солун во молк за Кочани

ВИДЕО: Солун во молк за Кочани
VERO Banner

Граѓаните на Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката.

Македонците и Грците кои ја покренаа иницијативата откриваат дека планираат 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за возачот на брзата помош, кој почина откако превезе голем број повредни лица.

Дополнително, во спомен на загинатите ќе има и црни балони, а преку социјалните мрежи објавија повик „Солун се солидаризира со Кочани“.

Погледнете ги видеата

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран