ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СИЛНА БУРА НА БАЛКАНОТ: Загреб погоден од силна бура, трамваите запрени – невремето се движи кон Србија!

(ВИДЕО) СИЛНА БУРА НА БАЛКАНОТ: Загреб погоден од силна бура, трамваите запрени – невремето се движи кон Србија!

Силно невреме проследено со обилен дожд, град и силен ветер утрово го погоди Загреб, предизвикувајќи сериозни проблеми во градскиот сообраќај и голема материјална штета.

Во хрватската престолнина беа прекинати повеќе трамвајски линии, откако силниот ветер корнеше дрвја и оштети инфраструктура на повеќе локации низ градот. На дел од улиците паднати дрвја целосно го блокираа движењето на трамваите, особено на Савска и Максимирска, додека проблеми се појавија и поради паднат електричен кабел во Микулиќи.

Граѓани од Загреб споделуваат снимки на социјалните мрежи на кои се гледаат откорнати покриви, расфрлани ќерамиди и оштетени објекти, особено во населбата Шпанско, каде ветерот бил особено силен.

Според метеоролошките извештаи, невремето не завршува тука. Бурата претходно поминала низ делови од Словенија, каде околу Домжале паднал силен град што ги покрил посевите, а во некои северни делови бил забележан дури и снег.

Сега вниманието е насочено кон Србија, каде временските служби предупредуваат дека истиот фронт ќе пристигне попладне.

Се очекуваат силни налети на ветер, обилни врнежи, грмежи и локален град, а во одредени делови од земјата прогнозите најавуваат ветрови со брзина до 120 километри на час.

Властите во регионот апелираат на внимателност, особено поради ризик од паднати дрвја, прекин на електрична енергија и отежнат сообраќај.

ВИДЕО