ПРВ.мк
Балкан

ТРУДНИЦА ШЕТАЛА ПО УЛИЦА, ПА ЈА УДРИЛ ТРОТИНЕТ: Жената итно пренесена во болница со потрес на мозокот!

ТРУДНИЦА ШЕТАЛА ПО УЛИЦА, ПА ЈА УДРИЛ ТРОТИНЕТ: Жената итно пренесена во болница со потрес на мозокот!

Доктор од Итната помош потврди за РТС дека една трудница здобила повреди синоќа во Белград додека шетала, кога во неа удрил тротинет.

Доктор Иван Лековиќ, главен дежурен хирург на ВМА, изјави дека трудницата е задржана во таа установа за понатамошна опсервација. Според неговите зборови, трудницата најпрво ја прегледал гинеколог, а потоа била згрижена поради потрес на мозокот.

Екипите на Итната помош во текот на ноќта имале 103 интервенции, од кои 18 биле на јавно место.

За помош најмногу се јавувале хронични и срцеви болни.