ПРВ.мк
Балкан

Трагедија на одмор: Девојка се удави кај Тиват додека се сликала на карпа

Трагедија на одмор: Девојка се удави кај Тиват додека се сликала на карпа

Попладнево се случи страшна несреќа кај Луштица, во близина на црногорскиот град Тиват, каде млада девојка од Србија го загуби животот во морето.

Според информациите од српските и црногорските медиуми, девојката од Врњачка Бања била на излет со пријателка кога околу 15 часот застанале да се фотографираат на карпите кај ’ртот Весло. Во тој момент, се претпоставува дека морето почнало да се разбранува, а еден посилен бран ја повлекол девојката во водата.

Полицијата, нуркачките тимови и Пловечката единица веднаш реагирале и започнале потрага, но лошите временски услови и силните бранови ја отежнале целата операција.

Во еден момент, спасувачите го забележале безживотното тело како плива на површината, но не можеле да му пријдат поради лошото време.

Спасувачката мисија е привремено прекината, а извлекувањето на телото ќе продолжи во утринските часови, кога се очекува времето да се смири.

Escape