ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се преврте чамец со мигранти, има жртви- ова се деталите!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Се преврте чамец со мигранти, има жртви- ова се деталите!
Kristal

Рано утрово се случи страшна трагедија на реката Сава во близина на Славонски Брод. Чамец со група мигранти се превртел, а според првичните информации, во него имало 13 лица. Сите се извлечени од водата, но за жал едно лице загинало, додека друго се наоѓа на реанимација.

Полицијата и спасувачките екипи реагирале веднаш по пријавата околу 5 часот наутро. Неколку лица биле извлечени од студената вода, а останатите пренесени во болница поради хипотермија.

„Полициските службеници веднаш дојдоа на помош и извлекоа 13 лица од реката Сава. Едно не покажуваше знаци на живот, а другите беа пренесени во болница“, изјави портпаролката на полицијата.

Во тек е кривична истрага за да се утврдат сите факти и околности на трагичниот инцидент, додека навигацијата по реката во областа на пребарување привремено е запрена.

FixCredit
Atensa 300
Escape